Да не должиме; ако не ги знаете Ева (Петковска) и Мишо (Стојановски), често ни даваат поводи за пишување и споделување на нивната уметност; затоа редовно ги следиме; на patem.mk можете доста да прочитате за нив. Поретко, но сме пишувале и за Петар (Ристески). Во продолжение погледнете графики од Ева и Мишо – досега овде не се истакнале во оваа дисциплина – и цртеж од Петар (7 години), од експериментирање со графички таблет. Повелете
(Без име) линорез, Ева Петковска (Без име) акватинта, Ева Петковска „Его, алтер его и супер его“, аквафорте, Мишо Стојановски „Студија за портрет“, сува игла, Мишо Стојановски „Зимски пејзаж“, Петар Ристески