На меѓународниот конкурс во рамки на стрип фестивалот во Ваљево, традиционално, дел од наградите отидоа кај македонски автори.

Жирито во состав Зоран Стефановиќ, управител на Центарот за уметност на стрипот, Дејан Богојевиќ, мултимедијален уметник, и Ана Новаковиќ, историчарка на уметност; едногласно одлучи, во конкуренција на стотина автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Уругвај и Канада; првата награда, за стрипот „Приказна за безбојното мече”, да им припадне на Александар Стеванов и Катерина Николовска – Тери, обајцата по потекло од Штип. За истиот стрип авторите само неколку месеци претходно го освоија третото место на конкурсот во рамки на Меѓународниот стрип салон во Велес.

На стрип фестивалот во Ваљево е награден и Ѓорѓи Антевски од Куманово; за стрипот „Катарза”, со признание за најдобра ликовност.

Признанието, пак, за најдобар млад автор е за Ангела Петрушевска од Скопје, за стрипот „Приказна за животот и смртта”; а специјална пофалница за педагошка дејност му е доделена на здружението Стрип центар на Македонија од Велес.

Како што известуваат од организаторот, „АРТ група АКТ”,, годинава гран-прито на Ваљевскиот стрип фестивал му е доделено на Душан Рељиќ. Второнаградени на конкурсот се Стефан Круниќ и Вукашин Митровиќ, а третото место е доделено на Марко Стојановиќ и Марко Серафимовиќ. Душан Вукојев е добитник на наградата за најдобро раскажување, Невена Марковиќ на онаа за најдобар цртеж, а Миодраг Кулиќ е прогласен за најдобар во категоријата сатира.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here