Ако следите филм, а особено ако сте одовде, би требало да знаете за македонската продукциска куќа MI Film; односно да сте ги одгледале нивните „ТМ“ и „Копање“ – филмови снимени буквално без буџет, а сепак без никакви фалинки во однос на кинематографската полнокрвност.

MI Film заедно со нивните партнери упатуваат …

ОТВОРЕН ПОВИК

Upstart theatre, MI Film и Teatro Al Cubo ве повикуваат да аплицирате за учество на работилницата „The International Playable Theatre Lab“ која ќе трае од 20 септември до 1 октомври 2021 година.

„The International Playable Theatre Lab“ e двонеделнa дигитална резиденција која што им нуди на уметниците од Македонија и Мексико можност да го истражат потенцијалот на интерактивниот театар и театар низ игра. Ќе споиме тројца театарски креативци од Македонија и тројца од Мексико во двонеделна, онлајн програма за размена, обука, менторство и меѓусебна поддршка, предводена од театарската компанија „Upstart theater“. Секој ден од резиденцијата, уметниците ќе учествуваат во полудневни работилници преку кои ќе ги истражуваат различните пристапи за правење театар во дигитален простор, предводени од ментори-уметници на кои ваквиот пристап им е стручност.

Покрај овие работилници, учесниците неколку часа секојдневно ќе работат и на својот проект. Уметниците треба да аплицираат со почетна идеја за проект на кој ќе работат во текот на резиденцијата. На секоја работилница, уметниците ќе истражуваат начини на кои би можеле да ги користат расположливите алатки или приоди за да го развијат својот проект. На крајот од двете недели, учесниците ќе ги споделат работните верзии од нивниот проект заедно со нивните колеги и менторот.

Целата работилница и сите активности ќе бидат на англиски јазик – еден од главните предуслови за аплицирање е добро познавање на истиот.

На повикот може да аплицираат поединци (актери, режисери, уметници, артисти … ) но и групи (независни театарски компании, неформални театарски групи … ) кои ќе бидат застапени од еден ист член за цело време на резиденцијата.

Аплицирањето е од 1 до 30 јуни, 2021. Начинот на аплицирање и сите дополнителни информации ќе може да ги најдете тука.

Проектот е под покровителство на British Council.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here