Кога се оди на одмор во Турција очекувањата се главно сведени на понудата во границите на одбраниот ресорт осмислена за да ги задоволи сите потреби на гостите. А ако одберете да летувате во Сиде, како голем гратис ќе ви дојде близината на еден од најсочуваните антички градови на територијата на Турција, основан во 7 век пред Христа.

Каде, како што дознавме, се среќаваат траги од дури 12 цивилизации, кои често водат до Македонија.

На пример, Сиде од Персијците го преземал Александар Велики Македонски, по чија смрт власта се префрлила кај неговиот генерал Птоломеј Први Сотер, односно Птоломејската династија, па на Селевкидската империја, исто така основана од генералот на Александар, Селевк Први Победникот. Селевкидите конечно попуштиле пред Римјаните во 67 година пред Христа, а токму од римско време се најголем дел од градбите што може да се видат во Сиде.

Важно е дека под чија и власт да се наоѓал, градот задржувал некоја форма на автономија, па таквиот континуитет создавал поволна клима за да се позиционира и како влијателен културен центар. Во Сиде, на пример, е роден познатиот византиски правник Трибонијан, кој по налог на Светиот Цар Јустинијан – Македонецот роден во околината на Скопје – ја извршил кодификацијата на римското право; или Свети Евстатиј Антиохиски, големиот ревнител за православието кој се истакнал на Првиот вселенски собор (325 година), па откако еретиците аријанци по смртта на Свети Константин Велики дошле ‘на позиција’, го протерале во Македонија.

И во антички Сиде инфраструктурата е на нивото на турскиот силно освестен туристички пристап, што е пресудно за да може непречено да се ужива, без разлика на пеколните температури во овој дел од годината; вклучително и во погледот – сонот на летните дестинации – од малиот полуостров на кој е сместен градот.

Погледнете и мала галерија …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here