„Два се стожерите при создавањето на иконата. Првиот е цртежот, кој ги изразува историските моменти од кои зависи идентитетот што на конкретен светител му го дале неговите личносни односи остварени со црковната заедница за време на овоземниот живот. Вториот стожер е светлината, која на иконата дејствува на начин слободен од физичките нужности, и така од историското се пренесува на надисториското рамниште на Царството Небеско. Цртежот повеќе ја изразува историјата, додека светлината воспоставувањето на историјата во Есхатонот; односно она што ќе остане од историските факти и ќе премине во Царството Небеско“, пишува во својот есеј „Од портрет до икона“ еден од најспецифичните современи сликари-иконописци, отец Стаматис Склирис, формулирајќи една кратка теологија на иконата.

Следат неколку наши дигитални иконописни обиди. Цртано/сликано е со графички таблет Wacom Intuos S, а во Sketchbook.

За крај погледнете и неколку врвови на византиската уметност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here