Стрип центарот на Македонија, во „Фантаст“, уметничкото студио на Емилија и Стојче Тоциновски, вчеравечер приреди промоција на својата издавачка дејност за тековната, 2021-ва година. Пред авторите и останатите присутни, по поводот се обрати основачот и извршниот директор на Центарот, Ване Трајков.

Ване Трајков и Тоде Блажевски

„Вечерва се собравме по повод издавачката презентација на Стрип центарот на Македонија за 2021-ва година, во која го презентираме изданието „Херлок Шолмс“ на Јулио Радуловиќ – Јулес и Звонимир Фуртингер од Хрватска, „Шенко“ на Миле Топуз од Македонија, по текст, односно по истоимениот роман на Киро Донев; потоа стрип книгата „Итар Пејо и Насрадин Оџа“ на Раде Дичоски, со стрип авантури на овие двајца мајтапџии од нашиот фолклор, во колорно издание; и „Стрип Алманахот“ – годишното издание на Стрип центарот, во соработка со многу млади автори од Македонија, на кои им дава можност да бидат објавени, бидејќи нема каде на друго место. Исто така во оваа пригода ги презентираме и двата овогодишни броја на списанието „Стрип Креатор“, кое го издаваме повеќе години. Во него објавуваме стрипови од меѓународниот конкурс кои се појавуваат на Меѓународниот салон на стрип, што секоја година се одржува во Велес во средината или крајот на август. Се пријавуваат автори од повеќе држави, а ние се обидуваме во овие два броја да ги објавиме најквалитетните; при што водиме сметка да бидат застапени македонските автори. Се надевам дека на авторите и присутните им приредивме пријатна вечер“, рече Ване Трајков.

Наведените изданија се дел од годишната програма на Министерството за култура, а на настанот се обратија и дел од присутните стрип автори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here