Познатиот американски уметник фотореалист, Чак Клоус, почина вчера (19 август), на 81 годишна возраст. Се прославил во седумдесеттите и осумдесеттите од минатиот век, со неговите огромни фотореалистични автопортрети, како и портрети на роднини и колеги уметници. Како резултат на откажување на спинална артерија, Чак Клоус од 1988 беше парализиран од вратот надолу, но и натаму наоѓаше начини да работи.

Иако поради својата здравствена состојба избегнуваше јавни појавувања последниве години, нашите Ева (Петковска) и Мишо (Стојановски) во 2019 година успеаја и да се запознаат со него – кога Чак Клоус ја испочитува Равена како светски центар на мозаикот и лично се појави на отворањето на неговата изложба „Чак Клоус, Мозаици“ (5 октомври 2019 – 12 јануари 2020).

За нивните импресии (придружени со фотографии) од изложбата, прочитајте овде

(Од лево кон десно) Мила Добревска, Ева Петковска, Чак Клоус, Мишо Стојановски и Аница Китаноска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here