Пишува Александра Ристески

This Be The Verse

They fuck you up, your mum and dad.

They may not mean to, but they do.

They fill you with the faults they had

And add some extra, just for you.

But they were fucked up in their turn

By fools in old-style hats and coats,

Who half the time were soppy-stern

And half at one another’s throats.

Man hands on misery to man.

It deepens like a coastal shelf.

Get out as early as you can,

And don’t have any kids yourself.

„Тие те зезнаа, твоите мајка и татко“, гласи привиот стих на една од најпознатите песни („Ова нека биде стихот“) на англискиот поет Филип Ларкин. А се препознаваме сите, помалку-повеќе, во истата, пренесена во целост на почетокот на овој текст.

И во морето на недоречености го зголемуваме јазот, видлив или прикриен, со нив, со мајките и татковците. Го таложиме гневот, пробуваме да ја менаџираме фрустрацијата, сѐ додека не успееме да видиме дека и самите биле изиграни. Сѐ дури не сфатиме дека и самите биле осакатени како личности, а сепак го дале најдоброто од себе – како што знаеле и умееле; и оти не знаеле и не можеле подобро.

Во „End of Sentence“ (2019) мајката, болна од рак, знае дека ќе му го даде најголемиот подарок на својот син ако успее да му ги открие сите лузни на татко му (симболично прикажани како изгореници од цигари што ги причинил неговиот татко – дедото на син ѝ).

Затоа смислила и побарала како последна желба, откако по смртта ќе биде кремирана, пепелта да ѝ биде истурена во езеро во нејзиниот роден крај, во Ирска; така оставајќи им доволно долга и содржајна можност на нејзиниот сопруг и син кои за целта патуваат од Америка каде што живеат, „да ја завршат сентенцата“ – овде во смисла на конечно сфаќање на причините за трагиката на семејната историја; односно на една катарза која ќе доведе до воспоставување на односот татко-син, дотогаш сосем непостоечки (и на грбот на синот има лузни – изгореници од цигари).

Режисерот Елвар Адалстеинс на длабоката приказна и пристапил непретенциозно. Потпирајќи се на извонредната игра на малиот актерски ансамбл во кој особено се истакнува Џон Хокс (Winter’s Bone), носителот на најкомплексниот лик, таткото; а му парира на ниво Логан Лерман (The Perks of Being a Wallflower), во улога на синот. Својата работа во медитативниот дел од филмот соодветно си ја завршиле и ирските пејзажи, кои додека ликовите се приближуваат до катарзата, по потреба изгледаат од тмурно (не за сметка на нивната убавина), до крајно ведро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here