Функционалната тоалетна школка од 18-каратно злато, уметничкото дело на Маурицио Кателан наречено „Америка“, на 14 септември 2019 година беше украдена од изложба во палатата Бленам, во округот Оксфордшир, Обединето Кралство. Знаејќи ги уметничките практики на Кателан, најголемиот мајстор на „пренкот“ во современата уметност, делото не претрпе никаква штета поради кражбата; напротив, но, за тоа подолу. Иако тоалетната школка беше проценета на 6 милиони долари. Штета претрпе величествената палата од 18 век – пукнатини на подот и поплава – зашто златната школка беше инсталирана за употреба во тоалет што во свое време го користел Винстон Черчил (роден во палатата Бленам).

палатата Бленам

Деновиве, на 2-годишницата од кражбата, и локалната полиција задолжена за случајот остава мала надеж над стоте килограми злато сѐ уште да се форма на WC шолја, како што јавува БиБиСи за последните вести од истрагата.

„Дали некогаш повторно ќе ја видиме тоалетната школка? Лично се прашувам дали е во оваа форма. Ако некој има толкава количина злато, мислам дека веројатно, вака или онака, нашол начин да го искористи. Би било одлично кога би можело да се обнови и врати, но лично не сум убеден дека сѐ уште е во истата форма“, вели полицаецот кој ја води истрагата.

А уште во 2019, на два месеци по кражбата на тоалетната школка на Кателан, детективот чија специјалност беа кражби на уметнички дела, Чарли Хил, кој почина годинава во февруари (најмногу ќе се памети по лоцирањето на верзијата на „Вресокот“ на Едвард Мунк од 1893 која беше украдена од музеј во Осло во 1994), изјави дека истата е веќе исечена, стопена, а златото распродадено.

Чарли Хил

Што се однесува до самиот Кателан, нему кражбата му дојде како порачана; му го збогати концептот; што се виде од неговата изјава дадена веднаш по криминалниот настан, кога ги пофали крадците како „врвни перформери“:

„Кога ме информираа за кражбата помислив дека се работи за пренк и ми требаше некое време, после неколку проверки, за да заклучам дека е вистина и оти не се работи за надреален филм каде наместо скапоцени камења од круна, крадците однеле тоалетна школка. Отсекогаш сум ги сакал филмовите со грабежи и конечно јас сум во еден од нив.“

„Драги крадци, ве молам, ако го прочитате ова, информирајте ме колку ви се допаѓа делото и какво е чувството да мокриш на злато“, се дообјасни во концептуалниот дел Кателан во истата пригода.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here