Излезе од печат книгата „Приказна за лекарот, поетот и стрип-пионерот“ на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Наспроти насловот, кој имплицира белетристичко дело, станува збор за биографска студија за еден од најпознатите поети од просторот на некогашна Југославија, кој воедно спаѓа и меѓу првите што на истиот тој простор ја донеле стрип-уметноста.

Книгата е двојазична, напоредно на македонски и на англиски јазик, и е богато референцирана и илустрирана со дваесетина рани форми на стрип. Во неа е даден хронолошки приказ на загатнатиот поет, лекар и стрип-пионер, со ставање акцент на неговиот значаен ангажман на полето на деветтата уметност што досега не било предмет на потемелна обработка.

Во улога на преведувач на „Приказна за лекарот, поетот и стрип-пионерот“ се јавува Гоце Панговски, а за коректурата е заслужна Добрила Стеванова. Како проект од национален интерес во културата за 2021 година, излегувањето на оваа студија е поддржано од Министерството за култура во рамки на проектот „Увертира кон македонскиот стрип“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here