Пишува Александра Ристески

Летно време, барем како во период на одмори, повеќето полесно наоѓаме можности за оддавање на добар филм, па и за надоместување на пропуштеното, а во недостаток на препораки или посебна желба за некој наслов, секогаш сигурен избор се режисерите со кои не може да се погреши. Како Алехандро Гонзалез Ињариту (21 Grams, Babel, Biutiful, Birdman, The Revenant), на пример.
Деновиве неговиот прв игран филм, психолошко–филозофската трилер-драма „Кучешка љубов“ (Amores Perros, 2000), може да се погледне на HBO Max.
Три различни животни приказни, на симболичен начин се допираат во еден момент, при една сообраќајна несреќа, јасно сугерирајќи ја главната поента на режисерот дека истиот животен шаблон, независно од околностите, статусот и слично, води до една иста, неизбежна точка.

А.Г. Ињариту

Како и во повеќето негови филмови, Ињариту го провлекува ставот дека моралот и карактерот на личноста, не зависат и не смеат да зависат од никакви надворешни фактори, туку се единствено определени од слободниот избор на секој поединец. А истиот води до, речиси математички пресметливи последици. „Love is a bitch“ гласи англискиот ‘препев’ на името на филмот, но неговата порака е токму спротивната – дека девалвацијата на љубовта (кучешката љубов во специфичниот контекст во кој ја комуницира Ињариту) и моралот на личноста, создаваат ментален склоп што води до момент кога животот станува кучка, односно каса причинувајќи животни несреќи и трагедии.
Поставувајќи низа филозофски прашања со егзистенцијалистичка тежина и со одличен рејтинг на Rotten Tomatoes – 93% од критиката и 94% од публиката, трите животни приказни од филмот кој за Дени Вилнев (Blade Runner 2049, Dune) е еден од најдобрите на векот, со полно право го заслужуваат вашето две и пол часовно внимание.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here