Првата самостојна изложба насловена „Во кревет“, на уметницата Мила Добревска, вчеравечер беше отворена во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Изложените дела, слики и мозаици, се резултат од „истражувањето на душата и потсвеста на човекот во својата најинтимна, најлична состојба“, поттикнато од (пост)пандемиските околности.

Оттука, насловот „Во кревет“ може да се толкува како упатување на човечката интима симболизирана со пижами (наспроти ‘аутфитите’); и на можноста во условите на карантинот (на просторно ограничената можност за активности) човек повеќе да се позабави со својот внатрешен живот.

„Претставувањето на ликовите во сонлива состојба е скоро апстрактно, крајно геометризирано со едноставни форми кои суптилно ги доловуваат човечките стремежи преку доминантната игра на контрастни бои кои се натпреваруваат“, пишува во каталогот за изложбата.

„Тортурата на исчекување“
„Колекција парадокси“

Мила Добревска е родена во 1999 година во Скопје, каде што и го почнала своето стручно образование во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ на одделот сликарство.

Дипломирала на Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија, каде што моментално ги завршува и постдипломските студии со фокус мозаик.

Учествувала на повеќе групни изложби, активности и работилници.

„Тензијата на не реченото“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here